Нешто мора да се менува за Јувентус да се врати во ритам за да има шанси да го нападне трофејот во Лигата на Шампионите, Сари се уште ја бара победничката формула, а Кристијано Роналдо реши да ја смени фризурата пред утрешниот реванш натпревар против Лион.
Португалецот ја загуби трката за „златната копачка“ во Калчо-лигата, а со оглед на фактот дека е исклучително суеверен, тој се реши за промена на имиџот пред завршницата од Лигата на Шампионите.
Останува да се види дали новата фризура ќе им донесе среќа на Роналдо и Јуве, бидејќи е повеќе од јасно дека доколку „старата дама“ сака да дотурка далеку во ЛШ, португалскиот ас ќе мора да игра на највисоко можно ниво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА