Роналдо со оригинална порака: Ако некогаш сте сонувале…

Кристијано Роналдо се уште се наоѓа во карантин во Португалија, откако двајца негови соиграчи беа дијагностицирани со коронавирус.

Португалецот се чувствува одлично, го минува целото време со семејството, а денеска испрати и оригинална порака преку својот профил на инстаграм, барајќи од фановите своето време да го минуваат дома.

„Ако некогаш сте сонувале да играте за милиони луѓе ширум светот, сега е вашата шанса. Играјте внатре, играјте за целиот свет“, порача Роналдо.

Се вчитува...