Роналдо со порака до соиграчите по победата над Евертон (ФОТО)

Манчестер јунајтед вчера го победи Евертон со головите на Мартиал и Кристијано Роналдо, кој во својата клупска кариера го запиша 700. гол.

Португалецот беше видно расположен и среќен после постигнатиот гол за својата екипа со која го прекина долгиот пост.

После натпреварот Роналдо се огласи на социјалните мрежи и порача дека тимот оди во вистинска насока.

„Одлична победа момци! Уште еден чекор во вистинската насока“, гласи пораката на Роналдо.

 

Се вчитува...