Роналдо со празни раце: Српска доминација во дербито на Саудиска Арабија

Српските репрезентативци Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ беа во главна улога на големото дерби во Саудиска Арабија, во кое Ал Хилал неочекувано убедливо го совлада Ал Наср со 3-0.

Дефанзивците на Ал Хилал успеаја да го неутрализираат Кристијано Роналдо, а на спротивната страна блескаа српските интернационалци. Сите голови беа постигнати во второто полувреме, најпрвин Милинковиќ – Савиќ стрелаше за 1-0, за во самиот финиш Митровиќ да се надоврзе на противникот со двата погодоци и да ја запечати победата на својот тим.

Трите бода од големото дерби уште повеќе го зацврстија тимот на Ал Хилал на врвот на табелата, сега со седум бода предност во однос на Ал Наср и „плус 11“ пред третопласираниот Ал Ахли.

 

Се вчитува...