Легендата на Бразил, Роналдо во интервју за „Газета дело Спорт“ дал своја прогноза за новата претстојна сезона во Серија А.
Роналдо го отпишал Милан како претендент за титулата, а очекува „кам-бекот“ на Лукаку да го врати Интер на тронот.
„Интер и Јувентус ќе водат жестока битка за титулата. Не го гледам Милан како фаворит за скудетото. Интер можеше да ја освои титулата и минатата сезона, додека Јувентус не смее да си дозволи уште една лоша сезона“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА