Португалија се пласираше во финалето од Лигата на нациите, по полуфиналната победа од 2-1 против Германија во мечот во кој човек на одлука беше Кристијано Роналдо. Кратко по последниот свиреж на натпреварот на „Алијанц Арена“, португалската суперѕвезда испрати кратка порака на социјалните мрежи, составена од само три збора.
„EM FRENTE, PORTUGAL!!“ – напиша ЦР7, преведено како „Напред, Португалија“, израз што често се користи во спортските натпревари.
По овој успех против Тер Штеген, Роналдо стигна до 137 постигнати голови на 220 настапи.
Во финалето на Лигата на нации, Португалија ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Шпанија и Франција, кој е закажан за вечерва.
Португалците го освоија трофејот во 2019 година, откако ја победија Холандија со 1-0 во финалето.
EM FRENTE, PORTUGAL!! pic.twitter.com/KKuCip7yt8
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) June 4, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

