Еден од најдобрите фудбалери на светот, Кристијано Роналдо објави фотографија на инстаграм со која ги разбуди фантазиите на сите фудбалски фанови. Тој постави фотографија со еден од своите автомобили на која напиша „Денот на одлука“.
Веднаш по објавувањето на фотографијата почнаа шпекулации дека е можно во текот на денот да објави што планира во неговата иднина. Дали ќе остане фудбалер на Јувентус и следната сезона или ќе го напушти италијанскиот тим и ќе премине во некој друг европски гигант.
Како главен фаворит за неговиот потпис доколку не продолжи со Јувентус се споменува францускиот Пари Сен Жермен.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА