Роналдо среќен за Бензема и Канте: Уште многу играчи ќе дојдат во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо ја коментираше одлуката на Карим Бензема и Нголо Канте да му се приклучат во првенството на Саудиска Арабија. Двајцата потпишаа договор со новиот шампион Ал-Итихад.

Португалецот коментираше дека е среќен што двајцата дојдоа во првенството во кое тој настапува, и напомена дека уште многу други играчи во блиска иднина ќе дојдат во оваа земја.

„Не сум изненаден од доаѓањето на Бензема и Канте, но сум среќен дека луѓето од светот се повеќе внимание насочуваат кон првенството во Саудиска Арабија. Верувам дека лигата ќе продолжи да се развива и дека многу играчи од другите лиги ќе дојдаттука да играат“, рече Роналдо.

Португалецот вели дека се навикнал на новата средина.

„Тука навивачите ме прифатија и ме поддржуваат. Најголемата разлика која ја затекнав е топлината и прилагодување на тренинзите навечер кога е поладно. Но, сега веќе се навикнав на тоа“, изјави Португалецот.

Се вчитува...