Роналдо стана газда на клубот каде што го направи првиот трансфер

 Бразилецот Роналдо го продолжува својот фудбалски бизнис откако по шпански Валјадолид, некогаш феноменалниот голгетер купи нов клуб и во татковината.

Станува збор за Крузеиро, повеќекратниот шампион на Бразил, кој во последно време се соочуваше со сериозни финансиски проблеми. Роналдо веќе извесно време преговараше со досегашните сопственици, за на крајот да постигне договор да откупи 90% од акциите на Крузеиро за вкупно 70 милиони долари.

Инаку, Крузеиро е клубот во кој Бразилецот го направи првиот трансфер во кариерата, кога во 1993 година се пресели во овој клуб за сума од 50.000 долари. Една година подоцна, тој од Крузеиро се пресели во ПСВ Ајндховен, каде што ја почна својата блескава кариера на европскиот континент.

Се вчитува...