Кристијано Роналдо очигледно реши да стане и јутјубер. Покрена свој канал на оваа платформа и за само неколку часа стигна повеќе милиони претплатници.
Роналдо на каналот, заедно со својата девојка Георгина Родригез објасни со што ке се занимава на каналот, а веќе одработи и некои предизвици. Се одлучи да ја игра и играта на избор меѓу спортови, спортисти, итн…
Па, мораше да бира и меѓу Новак Ѓоковиќ или Рафаел Надал.
Делуваше дека тоа прашање му е најтешко, па на крајот остана недоречен – не можеше да се одлучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА