Роналдо стана сопственик на клубот на кој му даде шест гола

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо наполни 41 година на почетокот на февруари, а сè уште е многу активен во дресот на саудискиот Ал Наср. Сепак, се занимава и со работи надвор од теренот.

Роналдо, односно неговата компанија „CR7 Sports Investments“, купи 25 проценти од акциите во Алмерија, а информацијата за ова аквизиција на голгетерот беше денеска потврдена.

Постојат најмалку три други интересни точки во врска со овој трансфер на Роналдо. Претседател на клубот е Мохамед ал-Хереиџи, човекот за кој се вели дека помогнал во запечатувањето на трансферот на Роналдо од Манчестер Јунајтед во Ал Наср во 2022 година.

Роналдо е роден во 1985 година и е четири години постар од Алмерија. Роналдо речиси секогаш бил расположен против клубот чиј сопственик стана. Во дресот на Реал Мадрид, тој одигра седум натпревари против Алмерија. Постигна шест гола и имаше пет асистенции за шест победи и едно реми.

Се вчитува...