Фудбалерите на Ал Наср стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва со 3-1 славеа над Ал Етифак во меч од 18. коло во првенството на Саудиска Арабија.
Алекс Телјеш во 43. минута донесе водство од 1-0 за домаќините. На 2-0 зголеми Марцело Брозовиќ во 59. минута, додека голот за 3-0 беше дело на Кристијано Роналдо од пенал кој го постигна својот 870 погодок во кариерата.
До крајот гостите само го ублажија поразот преку Ал Кувајкиби во 85. минута.
Al Nassr [2] – 0 Al Ettifaq – Marcelo Brozovic 60'
by insoccer
GOAL NUMBER 870 FOR THE GREATEST CRISTIANO RONALDO!!
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) December 22, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

