Роналдо стигна до котата „965“ во новата убедлива победа на Ал Наср (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Ал Најма со убедливи 0-5 во заостанатиот натпревар од 10. коло во саудиската Премиерлига.

Гостите поведоа со 0-1 со голот на Кристијано Роналдо од пенал во 7. минута. За Португалецот ова 965 гол и сега му фалат уште само 35 да стигне до бројката од 1.000 во кариерата. На 0-2 зголеми Коман во 31. минута, а до крајот на првиот дел беше и 0-3 со погодокот на Мартинез во 42. минута.

Мане во вториот дел се запиша во листата на стрелци за 0-4 во 52. минута, додека конечните 0-5 ги постави Мартинез со својот втор гол во 80. минута.

Al Najma 0 – [1] Al Nassr – Cristiano Ronaldo 7'
byu/Eli-GOAT insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...