Кристијано Роналдо со официјално соопштение во текот на вчерашниот ден на емотивиен начин се збогуваше од Реал Мадрид и навивачите на „кралскиот клуб“.
Но, португалскиот репрезентативец се одлучи, пак, да испрати сериозна критика на адреса на навивачите на Реал во интервјуто за клупската телевизија на својот нов клуб, Јувентус. Како што вели чувствувал последните години дека воопшто не го почитувале, а сега ќе плачат откако заминува…
„Овој трансфер во Јувентус воопшто не е одлучен така набрзина и без да размислувам. Напротив, многу добро знам што правам. Во Реал Мадрид повеќе не ме почитуваа. Ниту во клубот ниту навивачите кои постојано ми свиреа, а искрено не знам зошто. Сега можеби ќе ме спомнуваат по добро и ќе плачат по мене. Но, како и да е тоа заврши. За мене следи нов почеток а за Реал е завршена приказна“ – вели Роналдо, притоа потенцирајќи дека не сака да му ја спомнуваат Шпанија…
„На Шпанија воопшто ништо не и должам. Тоа е зад мене. Меси не го спомнувам затоа што повеќе не ми е ривал, бидејќи нема да бидам во Ла Лига. Сега сум во најголемиот италијански клуб и тоа ми е единствено важно. Има во мене огромен мотив за идни следни успеси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА