Кристијано Роналдо одигра феноменален натпревар на стартот од СП 2018, постигнувајќи хет-трик против Шпанија и испишувајќи нови страници во листата на рекорди. Тој стана само четврти фудбалер во историјата кој постигнал погодоци на четири различни мундијали, но ззгора на тоа и урна два нови рекорди.
Имено, хет-трикот постигнат на возраст од 33 години и 130 дена го направи Роналдо најстар играч кој постигнал три гола на еден мундијалски дуел.
Покрај тоа, Кристијано стигна до неверојатно остварување – запишувајќи се меѓу стрелците на осум големи натпреварувања во низа. Станува збор за серија што започна на ЕП 2004 и продолжи на СП 2006, ЕП 2008, СП 2010, ЕВРО 2012, и сега на мундијалот во Русија во 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА