Кристијано Роналдо уште еднаш потврди дека е најдобар кога е најпотребно, во најголемите мечеви на Реал Мадрид. Постигна два гола во финалето на Лигата на шампионите во Кардиф, трасирајќи го патот на својот тим до нов трофеј во елитното европско натпреварување. Џанлуиџи Буфон можеби не прими ниту еден гол од Лионел Меси во два меча, но на Роналдо му беа потребни 90 минути за двапати да го надмудри.
Португалецот урна неколку рекорди и во синоќешното финале. Тој стана првиот фудбалер кој е стрелец во три финалиња од Лигата на шампионите. Синоќа стигна до бројката од 600 голови, а петпати последователно е најдобар стрелец во ЛШ. Оваа сезона постигна 12 гола, а дури 10 од нив во четвртфиналето, полуфиналето и финалето. На Баерн Минхен му даде пет гола, на Атлетико Мадрид – три, и на Јувентус – два во финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА