Роналдо уште ‘плаче за гол’, објаснувајќи се со соиграчите: „Јас ја допрев топката…“ (ВИДЕО)

На Кристијано Роналдо сосема очекувано воопшто не му е сеедно што остана без запишан погодок во победата на Португалија од 2-0 против Уругвај.

Роналдо во 54. минута се обиде да си припише погодок за 1-0, споделувајќи екстремна радост по постигнатиот погодок кој на крајот ФИФА му го запиша на Бруно Фернандеш затоа што, согласно и видео-снимките, јасно е дека Роналдо не ја допре топката по нафрлувањето на Фернандеш.

 

Но, Роналдо со своите реакции по крајот на мечот очигледно покажа дека не му е сеедно што нема гол, а и што не успеа во финишот да стрела и од пенал затоа што беше предвреме заменет. Кристијано по завршувањето на дуелот на своите соиграчи постојано им покажуваше дека тој ја допрел топката пред да заврши во мрежата за 1-0.

А, за разлика од него Бруно Фернандеш истакна дека најмалку е важно кој го постигнал голот, но важно е што Португалија е во осминафиналето.

„Да бидам искрен, мене не ми е многу важно тоа. Најважно е што минавме понатаму, тоа беше главната цел. Ако ме прашувате за тоа мислам дека Роналдо навистина ја допре топката при првиот гол“ – изјави Бруно.

Се вчитува...