Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо продолжува со отровните стрели кои ги упатува кон својот поранешен клуб Манчестер јунајтед со кој не се раздели во најдобри односи.
Португалецот говореше за тоа како ужива додека го гледа градскиот ривал на „црвените-ѓаволи“, Манчестер сити.
„Манчестер Сити беа неверојатни. Им честитам на нивната ланска сезона. Фудбалери, тренер, сите беа супер. Конечно ја освоија Лигата на шампионите, веројатно тоа го засилужија уште пред две години. Уживам да ги гледам како играат. Манчестер Сити има добри шанси повторно да ја освои Лигата на шампионите“. Кои се мои фаворити? Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА