Роналдо веќе се простил со Јунајтед, Португалецот заминува од Европа!

Манчестер Јунајтед буквално се распаѓа, атмосферата во соблекувалната е сведена на нула, откако повеќето фудбалери бурно реагираат кон Ралф Рангник и неговите тактички замисли. Германецот особено го навлече гневот откако собра храброст да го испрати Роналдо на клупата за резерви.

Кристијано твредеше дека е подготвен, но тренерот на Јунајтед го послуша медицинскиот тим и реши да го остави на клупата за резерви. После ваквиот потег Роналдо реагираше шокантно. Одби да биде повикан за дербито и замина за Португалија.

Одредени медиуми веќе почнаа да пишуваат дека вториот мандат на Роналдо во Јунајтед е пред самиот крај, дека тој веќе договара нов сензационален траснфер. Како нов тим за Португалецот се споменува Интер Мајами, чиј газда е Дејвид Бекам, кој веќе ангажираше неколку поранешни европски ѕвезди во својата екипа.

Сепак, останува прашањето дали Роналдо сака да го напушти европскиот фудбал во година кога има Светско првенство.

Се вчитува...