Роналдо верува дека ќе му донесе титула во ЛШ на Јувентус

Сензационалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус имаше една цел – титула во Лигата на Шампионите. Три години подоцна, оваа визија не само што не е остварена, туку Португлаецот и италијанскиот клуб не беа ниту блиску до истата.

Притоа, Јувентус два пати беше сопрен во осминафиналетo и еднаш во четвртфиналето на најсилното фудбалско натпреварување, но 36-годишникот верува дека овој сон може да го оствари, а за тоа бара нов две годишен договор. Како потсетување, сегашниот договор на еден од најдобрите фудбалери во светот истекува за 12 месеци.

Роналдо во изминатиот период беше поврзуван со трансфер во ПСЖ и враќање во редовите на Реал Мадрид, но францускиот и шпанскиот клуб дале дознаење дека не сметаат на голгетерот, пренесуваат италијанските медиуми.

Се вчитува...