Роналдо: Виницус требаше да ја освои „Златната топка“

На спектакуларна церемонија во Дубаи вчера беа доделени наградите „Супер глоуб“. Во преден план беа сегашниот и поранешниот ас на Реал Мадрид Винициус Жуниор и Кристијано Роналдо.

Винициус ја доби наградата за најдобар фудбалер, откако претходно ја освои и наградата на  ФИФА „Д бест“. Тоа е негова отштета за „Златната топка, која и покрај најавите дека е практично негова, не заврши во рацете на Бразилецот, туку во рацете на Родри.

Награда доби и Кристијано Роналдо за најдобар стрелец на сите времиња. А ја доби и наградата за најдобар фудбалер на Блискиот Исток. Тој говереше дека Вини заслужил да ја освои и „Златната топка“.

„Вини ја заслужи Златната топка, според мене. Мислам дека беше реално. Затоа многу повеќе ја преферирам оваа награда, која е поправедна“, изјави Роналдо.

Се вчитува...