Кристијано Роналдо со вечерашниот настап на гостувањето во Дортмунд против „милионерите“, ќе го забележи својот 400. натпревар за Реал Мадрид, и така ќе влезе во специјалниот клуб на фудбалери кои заиграле 400 или повеќе натпревари во „кралскиот“ дрес.
Португалецот дебитираше на 29. август 2009 година во победата над Депортиво Ла Коруња со резултат од 3-2, Роналдо го запиша и дебитантскиот погодок за Реал. Од тогаш, 32-годишниот голгетер постигна 409 погодоци и 124 асистенции за „галактикосите“.
Доколку Роналдо е во составот за следните натпревари во Примера против Еспањол и Хетафе, ќе забележи 402 настапи за Реал, па така ќе биде меѓу 20. фудбалери со најмногу настапи за шпанскиот гигант. На првото место на оваа вечна листа останува незаменливиот Раул Гонзалез со 741 натпревар во белиот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА