Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди

Кристијано Роналдо влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако успеа зад своето име да го запише 111 меѓународен гол. Португалецот на овој начин уште еднаш е творец на нова страница од фудбалската историја.

Суперѕвездата на Португалија го собори рекордот на постигнати голови на сите времиња на репрезентативните настапи, постигнувајќи два гола против Ирска, па на тој начин дојде до бројката од 111. гола за својата репрезентација.

Со последниот гол Роналдо го собори рекордот на поранешниот ирански напаѓач Али Даи, кој имаше постигнато 109 гола за својата земја во период од 1993 до 2006 година.

Се вчитува...