Шпанскиот фудбалер Иниго Мартинез потпиша договор со Ал Наср до 2026 година, објави клубот од Ријад утрово.
Мартинез (34) го раскина договорот со Барселона во саботата. Тој е член на каталонскиот клуб од 2023 година, а пред тоа играше за Атлетик Билбао и Реал Сосиедад.
Одигра вкупно 71 натпревар за Барселона и три пати се запиша на листата на стрелци. Од 2013 до 2023 година, тој играше на 21 натпревар за шпанската репрезентација.
Фудбалерите на Ал Наср ќе го одиграат својот прв натпревар во новата сезона на 19. август во полуфиналето на Суперкупот на Саудиска Арабија против Ал Итихад.
Покрај Мартинез, Ал Наср неодамна го официјализираше и Жоао Феликс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

