Беше ова сезона во која многумина се сомневаа во Кристијано Роналдо повеќе од било кога. Дали неговото време веќе минало? Но, Португалецот повторно стигна до врвот. И тоа се работејќи плански, одмарајќи се повеќе од претходно, со посебен тренинг, за да на крајот од сезоната биде оној вистинскиот.
А, одговор на тоа дали може да биде во најдобра форма на најважните мечеви самиот даде во синоќешното финале против Јувентус.
Според многумина, Георгина Родригез е девојката која му помогна на Роналдо да се смири, исполнувајќи ја празнината која кај него настанала по раскинот со Ирина Шајк. Го знае тоа и самиот Роналдо па првата работа која ја направи синоќа по добивањето на медалите е да и го проследи на убавата Георгина, свесен, како што вели, дека има голема улога за него во овој успех. Девојката која неговиот син ја обожава, а неговото семејство неизмерно ја цени.
Роналдо синоќа славеше со својата убавица, синот, мајката и братот, а потоа се упати кон соблекувалната каде го чекаше неговиот фудбалски татко – Сер Алекс Фергусон.
„Ова е мојот татко кој навистина го ценам. Ништо немаше да бидам ако не беше тој“ – истакна Роналдо за време на емотивната средба со сер Алекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА