Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио да Лима Роналдо, проживува тешки мигови поради еден од клубовите каде е мнозински сопственик, а овој пат станува збор за Крузеиро, клуб каде што Роналдо ја почна својата професионална кариера.
Во првата година како сопственик, Крузеиро постигна добри резултти, а како резултат на тоа екипата успеа да се врати во „елитниот“ ранг во Бразил. Откако е тоа сторено, пораснаа и апетитите на најдобрите навивачи и очекувањата, но оваа сезона целите не се исполнети.
Десет кола до крајот на првенството, Крузеиро е во долниот дел, на само еден бод од опасната зона, а навивачите го губат трпение. Некои од нив го навредуваа Роналдо, а тој се огласи после мечот со Фламенго.
„Во тешка ситуација сме, и го разбирам незадоволството, верувам дека ќе се извлечеме од ова. Но, не можам да го разберам непријателскиот став на навивачите. Насилството со кое реагираат не е решение на проблемите. Знаеја дека ќе имаме проблеми, пред се од финасиска природа, но се одлучивме да се бориме заедно, со помош на навивачите“, изјави Роналдо.
Роналдо е мнозински сопственик и на шпански Ваљадолид, кој минатата сезона испадна во Сегунда. И таму навивачите го искажаа незадоволството, но Роналдо остана на чело на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

