Роналдо воодушевен од Киеза: Се надевам дека наскоро ќе дојде во Манчестер

Суперsвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, изјави дека сака „црвените ѓаволи“ да го доведат крилото на Јувентус, Федерико Киеза.

„Калчомеркато“ тврди дека Португалецот има голема желба Киеза да му се придружи на „Олд Трафорд“. Двајцата добро се познаваат, бидејќи минатата сезона беа соиграчи во тимот на Јувентус, и се чини дека Роналдо е импресиониран од она што го покажа 23-годишниот Киеза.

Минатата сезона, Италијанецот постигна 15 гола и запиша 11 асистенции.

Се вчитува...