Португалската легенда Кристијано Роналдо, кажа дека е изненаден од квалитетот на првенството во Саудиска Арабија. Португалецот кој во моментов игра во Ал Наср, кажа дека за 5-6 години лигата може да стане една од најдобрите на светот.
Тој кажа дека првенството во оваа земја мора да се гледа со поинакви очи, и покрај тоа што луѓето имаат поинакво гледиште.
„Првенството во Саудиска Арабија е многу натпреварувачко, и луѓето треба да го гледаат со други очи. Нормално, не се споредува со Премиерлигата. Но, постојат и таму добри тимови кои позитивно ме изннадија. Арапските играчи се многу добри, а тука се и странците со квалитет. За 5-6 години оваа лига би можела да биде една од најдобрите на светот“, рече Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

