Неполни три минути игра беа доволни во Торино за да биде отворен резултатот, и тоа во корист на гостите од Мадрид. Стрелец – кој друг, ако не Кристијано Роналдо, кој на додавање на Иско во манир на голем стрелец не му даде шанса на Буфон да интервенира.
Воедно, Португалецот испиша историја станувајќи прв фудбалер кој успеал да постигне барем по еден погодок на десет натпревари во низа во Лигата на шампионите. Серијата почна со ланското финале против Јувентус, продолжи на шесте средби од групната фаза со АПОЕЛ, Борусија Дортмунд и Тотенхем, за да продолжи и во нокаут-фазата, на двомечот со ПСЖ, а сега и на првиот натпревар против Јувентус.
Да нема дилеми кој и зошто е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите.
Cristiano Ronaldo with a lovely finish to put Real Madrid 1 nil up against Juventus #JuveRM #JuveReal#HalaMadrid
pic.twitter.com/7ttZmg15cd— Rambo (@WelshRamsey) April 3, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА