Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо проговоре за младиот талент на Барселона, Ламин Јамал кој во последните доминира во светот на фудбалот покажувајќи талент како ретко кој досега.
Роналдо порача дека младиот Шпанец треба да биде оставен на мира, да не му се наметнува притисок од страна на медиумите со цел да го исполни целосниот потенцијал.
„Ламин Јамал работи многу многу добро, земајќи предност од талентот кој го има. Оставете го да расте. Не му наметнувајте притисок. Оставете го да порасне добро. Има раскошен талент“, изјави Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

