Роналдо за новиот договор со Ал Наср: Не станува збор само за фудбалот, сакам да придонесам за земјата

Кристијано Роналдо проговори за причините за продолжување на договорот со Ал-Наср. 40-годишниот напаѓач го продолжи договорот со саудискиот клуб до 2027 година.
Цифрите од новиот договор кој беа објавени се вртоглави. Според пресметките, тој ќе заработува 13 евра по секунда, или за секоја минута по 772 евра. За еден час ќе заработува 46,300 евра, додека дневно околу 1,1 милиони.

„Вртоглавите“ бројки на Роналдо: Колку Португалецот ќе заработува во секунда, минута, ден, недела… (ФОТО)

Португалецот кажа дека сака да освои некоја титула со Ал НАср.

„Сакам да се натпреварувам со најдобрите тимови во Саудиска Арабија и да победам. Ќе видиме кој е подобар на крајот. Имаме одличен однос со навивачите, па сакам да останам уште две години. Не само од таа причина, туку и од животна гледна точка. Не станува збор само за фудбал, секогаш сакам да придонесувам за земјата. Но, секако, улогата на навивачите во мојата одлука е многу важна. Знам дека луѓето ме сакаат, и јас ги сакам. Сакам да продолжам да им давам радост на овие луѓе, бидејќи тие секогаш ме поддржуваат. И како што реков, сакам да освојам голем трофеј со овој клуб. Не само Купот на арапските шампиони, кој го освоивме пред две години, туку нешто поголемо. Верувам дека имаме потенцијал да освоиме позначајни титули“, изјави Роналдо.

Се вчитува...