Роналдо загрижен: Познато колку пари ќе загуби Португалецот ако Јунајтед не се пласира во ЛШ

Кристијано Роналдо го шокира фудбалскиот свет и се врати во Манчестер Јунајтед, по три години во италијански Јувентус.

Португалецот сака да освојува трофеи, а моментално со англискиот гигант не е во конкуренција да се надигрува со најдобрите во Премиер лигата. Потенцијалните неуспеси нема да ги задоволат неговите спортски апетити, но ќе го остават и без дел од платата која ја добива на „Олд Трафорд“.

Според „Њујорк Тајмс“, португалскиот фудбалер ќе остане без 25% од неделните примања, ако неговата екипа не се пласира во Лигата на шампионите следната сезона. Тој заработува 570.000 евра неделно, а таа сума би паднала на 360.000 евра, ако Јунајтед не се пласира на првите четири места на табелата во англиското првенство.

Очигледно е незадоволството на Роналдо од формата во која играат „црвените ѓаволи“. Неодамна испрати јавна критика кон помладите соиграчи, поради што дополнително влијаеше врз атмосферата во соблекувалната, пренесуваат англиските медиуми.

Се вчитува...