Роналдо „закачи“ пневмонија на Ибица

Бразилецот Роналдо нема по добро да го памети овогодинешниот одмор на Ибица, откако поранешниот голгетер мораше да биде примен во болница поради се понагласените здравствени проблеми со кои се соочувал.

Како што јавуваат шпанските медиуми, Роналдо минал само 24 часа на одморот пред да биде примен во клиниката каде му е дијагностицирана пневмонија. Тој останал еден ден во државната болница, по што побарал да му биде дозволено да си замине, по што сега е примен во приватна клиника на егзотичниот остров.

Според последните информации, „феноменот“ се чувствува многу подобро и се очекува за неколку дена да му биде дозволено да си замине од клиниката, по што ќе може да го продолжи својот одмор на Ибица.

Се вчитува...