Со головите во 89-та и 96-та минута од натпреварот помеѓу Португалија и Република Ирска, Кристијано Роналдо постигна рекордни 111 голови во репрезентативните настапи, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, го нарече ова достигнување како „награда за феноменалната кариера“.
Роналдо до средата вечерта беше сигурен стрелец со Иранецот Али Даи, кој ја заврши репрезентативната кариера со 109 гола. Иако во 15-тата минута од натпреварот, 36-годишниот португалски напаѓач не успеа да реализира удар од белата точка, тој надонкади со головите во финишот на натпреварот што и донесе победа на Португалија од 2-1 и со тоа го собори рекордот што траеше 15 години.
„Ова достигнување е награда за феноменална кариера и речиси две децении претставување на земјата на највисоко ниво, што сведочи за вашата исклучителна посветеност кон вашата професија и вашата неверојатна страст за фудбалот. Во процесот на соборување на рекордот по број на голови во меѓународниот фудбал, Роналдо не стана само национален херој, туку и меѓународна икона и идол за младите фудбалери ширум светот. Вештините и постојаната желба за напредок на Кристијано заслужуваат глобално воодушевување“, изјави Инфантино.
Со головите против Ирска, Роналдо ја достигна бројката од 49 гола на последните 47 настапи за репрезентацијата на Португалија.
„Среќен сум. Не само затоа што го срушив рекордот, туку и поради значајноста на постигнатите голови, она што го доживеавме на овој натпревар беше неверојатно. Се боревме до крај и верувавме во себе“, изјави Роналдо за ирската телевизија РТЕ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА