Рони О’Саливен продолжи со доминацијата на снукер-турнирите откако големиот ас се закити со нов трофеј, овојпат на Светското гран-при што заврши вечерва со феноменалното финале што О’Саливен гоодигра против Џад Трамп.
Финалето почна со изненадувачка доминација на Трамп, кој отвори со 0-4 во фрејмови, а потоа и предност од 3-6. Сепак, О’Саливен се разбуди кога беше најважно, влезе во неверојатна серија и освои седум од последните осум фрејмови, за огромен пресврт и конечна победа од 10-7.
Ова е третиот освоен поголем турнир на Рони О’Саливен во последните 50 дена, откако триумфираше и на Шампионатот на Велика Британија и на Мастерс-турнирот, потврда дека големиот ас и на 48-годишна возраст доминира во светот на снукерот.
„Се уште се чувствувам млад кога сум крај масата, така што возраста воопшто нема влијание. Напротив, искуството ми помага, имам освоено многу турнири, имам научено многу за снукерот. Мислам дека во моментов сум покомплетен снукер-играч од било кога досега во животот“, изјави О’Саливен по големата победа над Трамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

