Рони О’Саливен ја освои рекордната осма мастерс титула

Најдобриот снукер играч Рони О’Саливен стигна до рекордната осма Мастерс титула откако славеше против Али Картер на Мастерсот во Лондон. Англичанецот имаше негатива од 3-6 во фрејмови, но успеа да го надомести недостатокот и на крајот да се радува на победа од 10-7.

Искусниот 48-годишник по мечот даде и свој поглед на финалето коментирајќи дека со оглед на заостатокот кој го имаше по првата сесија дека и самиот не верувал во камбекот.

„Не знам како го освоив турнирот. Се обидов да играм без притисок и послободно. Ако требаше да победи Али ќе требаше да ме „собира“ од масата. Сакав да видам дали може да издржи до крај, со таа мисла излегов на теренот оваа вечер. Не одигра тој на своето ниво оваа вечер, подобар беше на стартот. Промаши неколку значајни топки кои мислев дека без проблем ќе ги погоди и тоа ми даде верба“, изјави О’Саливен.

Се вчитува...