Рони О’Саливен: „Крусибл“ е светски дом на снукерот, да заминеме од тука треба некоја „непристојна“ понуда

Рони О’Саливен со златни букви се запиша во историјата на снукерот откако на Светското првенство во „Крусибл“ славеше во големото финале проти Џад Трамп и стигна до седмата шампионска титула.

Англичанецот кој во минатото говореше дека можеби е време Светското првенство да ја менува локацијата, но сега изјави дека шампионатот треба да остане во Шефилд, а промена на локацијата да дојде само по „непристојна“ понуда од Кина.

„Крусибл е историско место. Атмосферата е неверојатна и сите се навикнавме тука да се бориме за титулата најдобар на светот. Не сакам да си одиме од тука. Можеби ќе се сложиме со заминување само под услов да одиме во објект со капацитет од пет илјади луѓе и наградниот фонд да се дуплира. Или пак евентуално Кина да даде некој „непристојна“ понуда која не се одбива. Во секој друг случај остануваме тука бидејќи Крусибл е домот на снукерот“, изјави „Ракетата“.

Се вчитува...