Рони О’Саливен: Можам да играм уште најмалку пет години

Еден од најдобрите снукер играчи на сите времиња, Рони О’Саливен долго време се подготвува за крај на блескавата кариера, но истата нема да заврши во скоро време.

Имено, освојувањето на седмата шампионска титула му дала надеж дека може да игра на високо ниво и во следните пет години за да стигне до рекордната осма титула на Светското првенство.

„Имам 46 години, а фактот дека и понатаму можам да освојувам титули ме даде надеж дека можам да играм и во следните пет години. По освојување на шампионска титула не можете преку ноќ да „излезете“ од радарот. Истата дополнително ми ја подигна самодовербата“, изјави Англичанецот.

Со седмата освоена титула во Крусибл, О’Саливен се изедначи со Стивен Хенри кој доминираше во снукерот во 90-тите години од претходниот век.

„Со Хенри можеме да го делиме рекордот една година“, низ смеа вели О’Саливен кој потоа продолжи:

„Никогаш не сум се опседнувал со рекорди. Кога ќе ги остварите, тоа е убаво. Немам цел, уживав на секој турнир оваа година, сакам да се натпреварувам. Сакам и да победувам, но тоа не е најважно. Крусибл од мене го излекува најлошото. Веројатно не е најдобра идеја, но ќе пробам повторно следната година“.

Се вчитува...