Рони О’Саливен се повлече од уште еден турнир

Рони О’Саливен се повлече од претстојниот Мастерс каде требаше да ја брани титулата само два дена пред да го одигра натпреварот од првото коло против Џон Хигинс.

О’Саливен наведе здравствени причини за повлекувањето, со што ги урна надежите на навивачите дека може да ја освои рекордната деветта титула на Мастерсот.

„Нил Робертсон ќе го замени Рони О’Саливен во ждребот на претстојниот Мастерс. Минатогодишниот шампион требаше да се сретне со Џон Хигинс во првиот натпревар во недела попладне, но се повлече поради здравствени причини“, стои во соопштението на Светската снукер федерација. 

Се вчитува...