Рони О’Саливен со нова чудесна партија: Два максимални брејка во еден меч

Рони О’Саливен уште еднаш покажа зошто важи за најдобар снукер играч во историјата откако големиот ас одигра партија за паметење во полуфиналето од турнирот во Саудиска Арабија во кое за противник го имаше Крис Вејклин.

О’Саливен беше брилијантен рутински славејќи со 6-3 во фрејмови, но и стигнувајќи до неверојатно достигнување – два максимални фрејма во еден ден. Тој во два од шесте освоени фрејма стигна до максимални 147 бода на своето салдо, апсолутно заслужено добивајќи овации од присутните во арената.

Рони О’Саливен денеска го игра финалето на Мастерс-турнирот во Саудиска Арабија во кое за противник го има Нил Робертсон.

Се вчитува...