Поранешниот англиски репрезентативец Рос Баркли е блиску до премин од Лутон во Астон Вила кој ќе го задржи во елитниот ранг на фудбал во Англија и воедно ќе го врати назад во клубот каде помина една сезона како позајмен играч во сезоната 2020/21, пренесуваат англиските медиуми.
Играчот од средниот ред изминатата сезона настапуваше за новајлијата во Премиерлигата постигнувајќи пет голови и четири асистенции на 32 натпревари, но со релегацијата на Лутон во Чемпионшиот се очекува негово заминување и преселба во Астон Вила која пак следната сезона за прв пат по повеќе децении одново ќе заигра во Лигата на Шампионите.
За реализацијата на трансферот на поранешниот фудбалер на Евертон, Челси и Ница тимот предводен од Унаи Емери ќе издвои пет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА