Директорот на судиите во Европската фудбалска унија (УЕФА), Роберто Росети, денес изјави дека европскиот фудбал не смее да премине на „микроскопски ВАР“ интервенции.
Росети истакна дека технологијата е воведена за да се исправат јасни и очигледни грешки, но фановите се фрустрирани бидејќи често добиваат впечаток дека игрите се преоценуваат поради тоа.
„Мислам дека ја заборавивме причината зошто беше воведен ВАР системот. Сè се сведува на јасни грешки. Технологијата добро функционира за фактички одлуки, но кога станува збор за субјективна проценка, работите стануваат потешки “, рече Росети.
Тој нагласи дека ВАР не смее да навлегува во микроскопски интервенции.
„ Кога гледате ситуација во супер забавена снимка, можете да откриете многу работи. Ние го сакаме фудбалот таков каков што е “, додаде тој.
Росети утре на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ ќе присуствува во Македонија, а во хотелот Хилтон во Скопје во 14:00 часот ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

