Роси бесен: Казнете го Зарко, намерно направи хаос

Валентино Роси побара Јохан Зарко да биде жестоко казнет за инцидентот за време на денешната трка од австриското гран-при. Зарко беше виновникот за контактот со Морбидели, по што нивните мотори продолжија да се движат, а еден од нив за малку ќе завршеше директно во Роси додека „докторот“ со огромна брзина минуваше по патеката.

„Бев навистина преплашен, моторот ми мина буквално пред очи. Ова најверојатно ми беше и најрискантната ситуација во кариерата, светците денеска ме чуваа, лесно можев и да го загубам животот. Станува многу опасно, а на Зарко не му е првпат да прави глупости на патеката, да не ги почитува ривалите. Тој влезе во линијата на Морбидели и го предизвика хаосот. Треба да следи жестока казна“, истакна Роси.

Се вчитува...