Мото ГП тимот на Јамаха го промовираше моторот за новата сезона во која повторно боите на јапонскиот производител ќе ги бранат, Валентино Роси и Маверик Вињалес. Деветкратниот светски шампион на промоцијата посочи дека доколку не биде компетитивен во 2021 година тој ќе се повлече од Мото ГП.
„Од една страна тешко е да се донесе одлука да се повлечам во 2021 година, но од друга страна не е тешка одлука, бидејќи ако не бидам компетитивен не гледам зошто би ја продолжил кариерата“, изјави Роси.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот почнува на 8. март со трката за ГН на Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА