Валентино Роси има тежок старт на сезоната во Петронас Јамаха. Ништо не беше поразлично оваа недела во Херез на четвртата трка сезонава, која Роси ја заврши на 17-то место.
Легендарниот возач истакна дека не е забавно да се бори за 17-то место, па најави дека проблемите на моторот мора да бидат отстранети.
„Трката беше тешка за мене, по тешкиот викенд затоа што не бев брз и имав многу проблеми. За време на трката, го одржував ритамот што го имав за време на тренингот, но на почетокот тоа беше особено тешко. Нешто подобро беше подоцна. Се обидов да освојам неколку поени, но не бев доволно брз“, изјави Валентино Роси по трката.
Роси најави дека тој и неговиот тим ќе продолжат да се борат, па истакна дека допрва ќе бидат направени нови тестови на моторот.
„За нас, ова е тежок почеток на сезоната, морам да бидам поконкурентен и да се обидам да победам. Мораме да продолжиме да работиме, да се обидеме да најдеме начин да го разберам мојот мотор, чувството што го имам … Утре имаме еден тест и имаме неколку работи што треба да ги испробаме. Се надевам дека можеме да бидеме подобри“, додаде Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА