Валентино Роси и Маверик Вињалес на патеката во Сепанг ја претставија новата Јамаха за новата сезона во Мото ГП шампионатот. Деветкратниот светски шампион и Шпанецот кој во 2019 година забележа две победи, се фотографираа со новата „YZR-M1s“ машина, која ќе ја има истата боја како таа од претходната година.
Генералниот директор на Јамаха, Ли Џарвис, членовите на екипата, како и новиот тест возач, Хорхе Лоренцо им се придружија на фабричките возачи во гаражата во текот на презентацијата. Јамаха до недела ќе го тестира новиот мотор на патеката во Малезија.
Say “Hello” to the Factory Yamaha Squad ?#MonsterYamaha | #MotoGP | @MonsterEnergy pic.twitter.com/Ymz5SqYG5l
— Monster Energy Yamaha MotoGP (@YamahaMotoGP) February 6, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА