Деветкратниот светски шампион Валентино Роси вели дека сака да има однос со својот мотор „Јамаха“ како со својата мајка, но дека реалноста не е таква и дека односот наликува на тој со девојка.
„Би сакал да имам однос со Јамахата како со мојата мајка, бидејќи таа секогаш ми говори како сака да ми помогне. Сепак, мислам дека е како односот што го имате со девојката, бидејќи со неа не е секогаш лесно бидејќи многу лесно знае да каже и не“, вели Роси.
„Докторот“ на претходните три трки не успеа да освои ниту еден бод, а не помина најдобро ниту на квалификациите за ГН на Германија, откако го освои 11. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА