Валентино Роси се врати во игра за титулата во Мото ГП шампионатот откако „докторот“ триумфираше во фантастичната трка за ГН на Холандија што се возеше на патеката Асен. За италијанската мото-легенда ова е прва победа сезонава, воедно и прв триумф во Мото ГП по повеќе од една година пауза, со што Роси сериозно му се приближи на Довициозо во генералниот пласман.
Денешната трка мина во знакот на бројните претркувања и промени меѓу водечките. Роси на три круга до крајот го претрка Петручи, а потоа и покрај огромниот притисок од својот сонародник сепак успеа да се задржи на првото место, финиширајќи ја трката за сантиметри пред незгодниот ривал. За „докторот“ ова е десетта победа во Асен, прва во Мото ГП по пауза од 385 дена откако лани славеше на патеката „Каталуња“.
Интересна битка се водеше и за третата позиција, каде Маркез на стартно-целната рамнина при самиот финиш го мина Крачлоу и се искачи на пиедесталот.
Довициозо, кој денеска го освои петтото место, останува на чело на генералниот пласман со 115 бода, пред Вињалес со 111, додека Валентино Роси со денешниот триумф „скокна“ на третото место со само седум бода заостанување зад водечкиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА