Италијанскиот напаѓач од редовите на Селта, Џузепе Роси, имаше големи проблеми во својата кариера со повредите и не успеа целосно да го покаже својот потенцијал.
Сепак, и покрај се, тој верува дека повторно ќе добие повик во репрезентацијата на Италија, а последен пат дресот на „аѕурите“ го носеше во 2014 година…
„Ако сакате, тогаш ќе верувате во тоа. Јас сметам дека имам доволно квалитет и очекувам повторно да добијам повик во репрезентацијата на Италија. Одлично се чувствувам на физички и психички план и мислам дека можам повторно да одговорам на тој предизвик. Што се однесува до Серија А, мислам дека ќе му биде тешко на Јувентус да ја освои титулата повторно, затоа што останатите екипи добро се засилија, па ќе видиме што ќе се случи“ – истакна Роси.
Италија е во група со Македонија во квалификациите за СП 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА