Росоман и Слога Виница ќе играат бараж натпревар за пополнување на Втората македонска фудбалска лига – Исток на 10. јули (петок) со почеток од 17 часот на Градскиот стадион во Штип.
По реализираните тестови на коронавирусот утврдено е дека во двата тима има само еден позитивен на Ковид-19, 32-годишен фудбалер од Кавадарци кој игра за Росоман и кој веднаш е испратен во карантин. Сето тоа не би требало да претставува пречка за одржување на бараж дуелот. Натпреварувачката комисија при ФФМ и дефинитивно го потврди одигрувањето на натпреварот.
Претходно, како што е познато, откажани се бараж дуелите за пополнување на Втората лига – Запад, па патникот за второлигашкото друштво ќе биде одреден со ждрепка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА